Стариот Land Rover Defender сé уште се продава
» Twisted Automotive е една од неколкуте компании кои сé уште го одржуваат во живот легендарниот теренец на Land Rover. Бизнис-формулата е едноставна – оваа англиска фирма има набавено доволни количини возила, нови пред да им престане производството, а после тоа половни со мала помината километража и сега ги преработува. Најновиот нивни проект е електричниот NAS-E, кој е базиран на северноамериканската верзија на Defender со мек покрив и кратко меѓуоскино растојание. Понуден е во две верзии – со 214 и 320 коњски сили, и двете со батерии од 60 kWh и автономија од околу 320 km. Внатрешноста е модернизирана со современ инфозабавен систем со екран чувствителен на допир, кожени седишта, спортски управувач и друго. Ќе бидат направени само 30 вакви електрични возила, наменети за американскиот пазар, по цена од 185, односно 210 илјади долари за посилната верзија.