Засега само во тестна фаза
» Градското претпријатие за јавен превоз на Виена започна со тестната фаза на автобус со погон на водород кој засега вози празен, а од јануари и со патници. Автобусот од марката Hyundai ќе се полни со водород во една од базите на претпријатието. За време на тестниот период автобусот ќе сообраќа на сите линии, а возењето со него ќе биде бесплатно. Доколку сé помине како треба, во план е до 2024 година да се набават 10 автобуси на водород.