Денес дизелот, утре бензинот…
» Не е првоаприлска шега – дизелот навистина поевтинува. Следејќи ги референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со претходната пресметка забележаа намалување кај бензините во просек за 2,322% а кај дизелот во просек за 3,722%, регулаторната комисија за енергетика реши да реагира и ја намали цената на дизелот за 2 денари – на бензините можеби тоа ќе го стори утре, а можеби и не. Дотогаш за литар еуросупер БС-95 и БС-98 ќе плаќаме исто како и досега – 83,50 односно 85,50 денари, исто колку и за литар еуродизел БС Д-Е V.