Без прашања, молам!
» Елон Маск повторно изненади со уште еден неконвенционален потег – го распуштил тимот за односи со јавност на Tesla во САД. За разлика од другите кои доста инвестираат и трошат милиони долари, калифорнискиот производител на електрични автомобили одамна смета дека рекламирањето и маркетингот не му се потребни и во голема мерка ги избегнува традиционалните канали за промовирање на своите возила. Сега тоа го дополни и со давањето отказ на службата за односи со јавноста, која очигледно ќе биде заменета со твитер профилот на Маск, кој има повеќе од 39 милиони следбеници. Tesla има и поинаква продажна стратегија со која ги заобиколува дилерите и своите возила директно им ги продава на купувачите.
Тимовите за односи со јавност за европските и азиските пазари остануваат на работа, барем засега.