Не се радувајте предвреме
» Citroen потврди дека за некој ден ќе ја претстави новата генерација на C3, но љубителите на марката не треба да се радуваат предвреме бидејќи овој модел е наменет само за пазарите во Јужна Америка и Индија. Развиван како проект под ознаката CC21, тој треба да биде различен од моделот кој од 2016 година се продава во Европа. Се најавува како пристапен урбан кросовер и е резултат на глобалниот развој сработен главно во Бразил и Индија. Базиран е на CMP платформата која се користи и кај европскиот C4, но за разлика од него нема да има електричен погон. Се очекува во гамата за Јужна Америка да бидат 1.0 и 1.6 бензинците со 75 и 115 KS, а во Индија би требало да биде понуден со 1,2 литарски турбо мотор со 130 коњи. Во продажба во Бразил ќе се најде уште овој месец, а на другите пазари во Јужна Америка и во Индија до крајот на годината.