Само 160 километри на струја
» Стартот на продажбата на Mazda MX-30 во САД го проследија две работи – цената од примамливи 33.470 долари и автономијата од едвај 160 km. Тоа беше свесна одлука на јапонската компанија базирана на нивните истражувања дека луѓето дневно поминуваат далеку помалку километри, но во исто време и катастрофална од маркетиншки аспект. За да го елиминира таквиот ефект, Mazda на сите купувачи на MX-30 им понуди пакет програма со која можат за подолги патувања на 10 дена да добијат друг модел, нормално, на бензин. Тоа во првите три години ќе биде сосема бесплатно, а потоа, кој нема да го продаде својот електричен SUV дотогаш, ќе плаќа за изнајмување.