Последниот великан на автоиндустријата
» Фердинанд Карл Пих роден е во Виена на 17 април 1937 година и иако се мисли дека за неговиот успех е заради славниот му дедо Фердинанд Порше, тој во целост го заслужи самиот. Кариерата ја започна во Porsche во 1963 година за во ’72-рата да премине во Audi, каде само три години подоцна стана менаџер на одделението за технолошки инженеринг. Напредувајќи на раководните функции, во 1993-тата дојде на чело на Volkswagen кој го трансформираше во една од глобално најуспешните автомобилски компании. Фердинанд Пих, татко на 13 деца со четири жени, почина на 25 август 2019 година.