Како би можел да изгледа Volvo 240 за моделската 2021 година?
» Автомобилски дизајнер, очигледно фан на Volvo кој се потпишува како Sketch Monkey, ја демонстрираше својата вештина и со помош на Photoshop од темел го преработи легендарниот Volvo 240. Дали навистина вака би изгледала реинкарнацијата на моделот кој на маркат и донесе светска слава, не е ни важно. Дизајнот на „циглата“ кој доминираше во моделите од споменатата серија 200, преку сериите 700 и 900 сé до 850, истакнувајќи ги нивната доверливост и робусност му донесе светска слава на шведскиот производител. Задржувајќи ги основните пропорции и уважувајќи ги дизајнерските елементи од новите модели на марката, тој со голема умешност осмисли современ ретро-модел кој навистина изгледа импресивно.
Ви препорачуваме да го погледнете видеото до самиот крај за да го видите крајниот резултат.