Дали го знаевте ова?
» Конструкцијата на издувниот систем не е битна само заради намалувањето на бучавата, туку од него зависи и силата на моторот бидејќи влијае на степенот на полнење на цилиндрите. Тој зависи од брзината на вртење на моторот и има две подрачја кога е изразено поволен – резонанцијата на издувувањето и на всисувањето, што се случува кога сопствените фреквенции на гасот и вртежите на моторот се поклопуваат. Со различити конструкции на издувниот систем може да се влијае на резонантните подрачја. Покрај тоа, издувниот систем создава одреден противпритисок, односно придушување, со чие зголемување се намалуваат испирањето на цилиндрите и нивното полнење, што ја намалува и силата на моторот. Но со намалувањето на придушувањето освен што се зголемува силата, сразмерно расте и бучавата. Исто така, кај моторите со повеќе цилиндри важен е и начинот на спојување на издувниот колектор – 4 во 2, 2 во 1 или 4 во 1.