ID.3 со медитеранска душа
» Cupra Born има многу што заедничко но уште повеќе различно од својот братучед Volkswagen ID.3 со кој ја дели MEB платформата и електричната механика, а и димензиите му се скоро исти. Но затоа изгледот му е медитерански темпераментен и предизвикува вистински емоции. Сигурно ќе има и такви на кои нема да им се допадне лутината спакувана назад во острите а напред во малку заоблените линии, но затоа внатрешноста ќе одушеви секого. Преовладува чистиот дизајн кој стилските елементи ќе го разубавуваа на ненападен начин да не беа пренагласените спортски седишта со интегрирани наслони за глава. Но сепак, Cupra е спортски ориентирана марка и нема замерка.
Основната верзија на Born располага со електромотор од 150 KS и батерии од 45 kWh, доволни за автономија од 340 km. Нешто посилната изведба од 204 KS и може да се добие со батерии од 58 или 77 kWh кои обезбедуваат поминување на 420 односно 540 km. Ќе располага и со boost-функција која краткотрајно става на располагање 231 KS. До 80% од капацитетот на батериите на брз полнач може да се наполни за 35 минути. Производството на Cupra Born ќе започне во септември во фабриката на Volkswagen во Цвикау во Германија, каде се произведува и ID.3.