За три дена намалување за пет денари
» По втор пат за три дена, регулаторната комисија за енергетика ја намали цената на дизел горивото. И тоа значајно – првиот пат за три, а сега за уште два денари. Така, цената на дизелот започна да се враќа назад и сега изнесува рамно 90 денари за литар. Цените на бензините останаа непроменети – еуросупер БС-95 се продава за 84,50 денари, а еуросупер БС-98 за 87 денари за литар.