Доказ дека автомобилот е квалитетен
» Дејвид Бјуик ја основа својата компанија во 1899 година, но и покрај инсистирањето на својот главен инженер Волтер Мар кој истата и наредната година направи два автомобила, не беше заинтересиран за нивно производство туку се определи за стационарни и бродски мотори. Незадоволен од тоа Мар ја напушти компанијата а на неговото место дојде Југен Ричард кој во 1903 година го направи третиот Buick автомобил означен како Model B и повторно го ангажираше Мар со цел да се организира производство на автомобили. За да се убеди тогаш главниот акционер Џејмс Вајтинг да го одобри производството, Томас, синот на основачот на компанијата Дејвид Бјуик и Волтер Мар на 9 јули 1904 година тргнаа на историско возење од Флинт до Детроит и назад постигнувајќи максимални 30 милји на час, односно 48 km/h.