Среќен роденден Фиќо!
» На 9 март 1955 година на салонот на автомобилите во Женева премиерно беше покажан Fiat 600. Кој е Фиќо не треба да претставува – доволно е да кажеме дека се произведуваше сé до 1985 година, освен во Италија уште и во Шпанија, Германија, Австрија, Аргентина, Уругвај, Чиле, Колумбија, Малезија и секако Југославија. Направени се скоро пет милиони примероци, од кои нешто помалку од милион во Крагуевац.