Но само на хартија
» Џорџ Б. Селден од Рочестер, Њујорк, на 8 мај 1879 година поднесе барање за патентирање на првиот автомобил во САД. Тој до оваа идеја дојде откако три години пред тоа на еден саем во Филаделфија го видел моторот со внатрешно согорување на Џорџ Брајтон. Така, некои седум години пред појавувањето на Benz Patent-Motorwagen кој официјално е признат како прв автомобил во историјата, поднесол барање за патентирање на неговиот мотор кој бил вграден на возило со четири тркала, односно на автомобилот. Во годините што следат тој постојано го дополнувал патентот со нови нешта, заради што тој му е издаден дури 16 години подоцна – во ноември 1898-мата. Со тоа, сите рани автомобилски производители во САД морале да му плаќаат солидни суми на име авторски права ако сакале да ги продаваат своите автомобили. На тоа во 1903 година се спротивставил Хенри Форд бидејќи Селден никогаш немал направено ни прототип, а камо ли да покрене сериско производство на својот автомобил. Судскиот процес во кој се насобрала документација на 14.000 страници траел осум години, по кој на Селден му е укинат патентот.