Со доцнење од скоро две децении
» Иако се употребуваше скоро две децении, името Volkswagen беше заштитено како трговска марка дури на денешен ден 1954 година. Имено, во 1937-мата за производство на народниот автомобил беше основано претпријатието Gesellschaft zur Vorbereitung des Deutschen Volkswagens mbh, кое една година подоцна беше преименувано во Volkswagenwerk G.m.b.H. Автомобилот кој ја смени историјата официјално се викаше KdF-Wagen, а после втората светска војна Typ 1 но на сите им беше познат како Volkswagen. Но од низа причини, тоа не беше регистрирано и заштитено.