Почеток на окрупнувањето на француската авто-индустрија
» Со заедничко соопштените беше известено дека Peugeot ја презема контролата над Citroen, при што двете компании ги задржуваат независноста на своите тимови, моделската политика и дистрибутивните канали. Тогаш Peugeot откупи 38,2% од акциите на Citroen кој беше во сопственост на Michelin. Овој процент во април 1976 година се зголеми на 89,95%, по што беше создадена групата PSA, која во 1978 година ја презеде европската филијала на Chrysler под која беа британскиот Rootes и француската Simca.