Со напорна работа до значајни резултати
» Откако две децении се развиваше како градежна компанија, Hyundai реши да влезе во автомобилскиот бизнис и компанијата основана непосредно пред новата 1968 година набави лиценца за производство на Ford Cortina. Но амбициите беа поголеми и во 1974-тата беа ангажирани неколкумина европски автомобилски менаџери и инженери за развој на сопствен автомобил. Дизајнот му беше доверен на Џуџаро, механиката беше од Mitsubishi за веќе наредната ’75-та да биде претставен Pony, првиот корејски автомобил. Неговиот извоз започна една година подоцна – првите возила беа испратени во Еквадор и неколку други јужноамерикански држави, во 1979-тата во Белгија и Холандија а во ’83-тата и во Канада. Кој е сега Hyundai не треба да се објаснува.