Во чест на изумителот на вулканизацијата
» На денешен ден 1898 година браќата Франк и Чарлс Зајберлинг основаа компанија за производство на гуми која ја нарекоа GoodYear во чест на изумителот на вулканизацијата Чарлс Гудјир. Иако со оваа компанија не се поврзуваат некои значајни и радикални иновации, отсекогаш работеле успешно и квалитетно, толку што веќе до 20-тите години од минатиот век станаа најголем светски производител на гуми. Освен за возилата, значаен е нејзиниот придонес и во гумарската индустрија за воздухопловите.