Требаше да биде Kadett C, ама…
» Во втората половина на 60-тите години кога Volkswagen се премислуваше со што ќе ја замени Буба, трендовите меѓу германските на автомобилски производители ги диктираа Ford и Opel. Така кога како одговор на Capri Opel ја подготвуваше Manta за која ја искористи механиката на наследникот на Kadett B кој беше во развој, се дозна дека Ford после обединувањето на своите филијали во Велика Британија и Германија го подготвува моделот Cortina/Taunus TC и раководството на Opel одлучи Kadett C наново да се развива, а веќе развиениот негов наследник да биде понуден како посебен модел за кој беше избрана ознаката Ascona. Овој маневарски потег на Opel се покажа како успешен бидејќи на лимузината која ја смести во средната класа покрај пространоста на каросеријата ѝ обезбеди динамички возни својства кои другите ги немаа. Тоа го потврдија и скоро 692-те илјади купувачи кои првата генерација на Ascona ги освои.