Раѓањето на големата детроитска тројка
» Точно на божиќ во за нас револуционерната 1903 година, американскиот производител Maxwell успешно го тестираше својот прв автомобил. Значењето на оваа слабо позната марка која егзистираше до 1925 година е во тоа што од неа се изроди Chrysler. Имено, овој производител кој некогаш беше трет по големина во САД (после General Motors и Ford кога терминот големата детроитска тројка сé уште не се користеше) за време на рецесијата после првата светска војна западна во големи долгови и во 1921 година беше презеден од страна на Волтер П. Крајзлер кој се стекна со големо богатство работејќи како менаџер за други автомобилски компании, најмногу за Buick. Крајзлер во 1925 година ја основа компанијата што го носи неговото име која целосно го апсорбираше Maxwell, по што ја згасна оваа марка.