Четврта среќа
» На денешен ден 1903 година Ford го продаде првиот автомобил. Хенри Форд својот прв автомобил го имаше направено уште во 1986 година, а три години подоцна и основано својата прва компанија наречена Detroit Automobile. Но неговиот темперамент и непопустливоста во сфаќањето „или ќе биде како јас мислам дека треба, или воопшто нема да биде“ не дозволија ништо од неговата работа вистински да биде комерцијализирана. Сé до 1903 година и основањето на Ford Motor Company и нејзиниот прв продукт Model A, чиј прв купувач беше еден заболекар од Чикаго кој за него плати 850 долари. Малку фалеше и овој обид на Хенри Форд да не успее бидејќи на создавањето на автомобилот му претходеа огромни трошоци во инвестиции – дури 28.000 долари, после кои на компанијата на сметката во моментот кога беше продаден првиот примерок им останаа само 223,65 долари. Но иако поскап од конкуренцијата и со проблеми кои воопшто ги следеа автомобилите од тоа време, сепак добро се продаваше и на Хенри Форд и неговата четврта по ред компанија им донесе профит и пазарен успех.