Падна договор за Rolls-Royce
» На почетокот на својот автомобилски бизнис, талентираниот инженер Хенри Ројс имал направено три автомобили. Купувачот на еден од нив, пријател на Чарлс Ролс кој бил трговец со автомобили и имал силна желба еден ден да има сопствена марка автомобили, ги запознава во мај 1904 година. И покрај старосната, класната и материјалната разлика меѓу нив, тие двајцата наоѓаат заеднички јазик – се договараат Ролс да ги откупи сите автомобили што Ројс ќе може да ги направи и да ги продава во својот салон под ознаката Rolls-Royce. Договорот кој паднал на денешен ден 1904 година предвидувал четири модела со различен број цилиндри – два, три, четири и шест, а успешниот старт бил крунисан со формирањето на заедничката компанија во 1906 година. Сé понатаму е историја.