По спецификации на Хитлер
» На денешниот ден 1934 година Фердинанд Порше доби налог од здружението на автомобилската индустрија на германскиот рајх за 10 месеци да направи три прототипи на народниот автомобил чии спецификации лично ги одреди Адолф Хитлер – да може да превезува двајца возрасни и три деца со брзина од 100 km/h, да не троши повеќе од 7 литри гориво на 100 km, заради поедноставно одржување да има воздушно ладење и лесно заменливи делови и да чини помалку од илјада марки. Останатото е историја.