Купето кое ја покори Америка
» Приказната за настанувањето на овој култен автомобил е малку подолга и заплеткана. Започнува на средината на ’60-тите години кога Nissan како советник го има ангажирано контроверзниот германски дизајнер Албрехт фон Герц, творецот на прекрасните BMW 503 и 507. Идејата беше да се создаде спортски модел кој ќе ги разбие стереотипите за јапонските автомобили во странство. Но во еден момент Nissan се повлече од проектот кој заради немање технички ресурси заеднички се работеше со Yamaha, оставајќи го партнерот полузавршениот производ да го понуди на Toyota. По низата дополнителни преправки од него настана моделот 2000GT, кој ги разбранува типично студените јапонски духови. Во Nissan сфатија дека згрешиле и запнаа сами да развиваат сличен автомобил, кој во 1969 беше готов и претставен како Fairlady Z, кој во извоз одеше како Datsun 240Z.
Работата добро ја сработија бидејќи оттогаш наваму буквата Z стана синоним за специфичната филозофија на пристап кон спортските автомобили и ‘рбетен столб на имиџот на Nissan повеќе од половина век. Менувајќи ја од корен перцепцијата што купувачите ја имаа за јапонските возила, ја проби менталната блокада за далекуисточното потекло, стана автомобил кој тие навистина го сакаа и ја започна легендата која сé уште трае претворајќи ја Јапонија во светска автомобилска велесила.