Првиот американски автомобил
» На денешен ден 1893 година беше претставен првиот американски автомобил. Него го направија браќата Чарлс и Френк Дјуриа вградувајќи едноцилиндричен мотор со четири коњски сили во кочија. Две години подоцна тие ја основаа компанијата Duryea и започнаа со комерцијално производство, продавајќи до 1896 година тринаесет вакви автомобили.