Умре уште пред да се роди
» На денешен ден 1991 година Mazda ја најави луксузната марка Amati креирана по урнек на Lexus, Infiniti и Acura. Таа беше дел од планот за експанзија со надеж дека компанијата ќе стане трет по големина јапонски производител на автомобили. Пазарното лансирање на Amati беше планирано за 1994 година со почетната гама од три модела, за што беа инвестирани најмалку 50 милијарди јени. Но заради економската стагнација која ја зафати Јапонија на почетокот на 1992-рата, Mazda се соочи со неликвидност и веќе во октомври истата година го откажа проектот, а развиените два модела беа пласирани под други ознаки.