Модерен автомобил за модерните времиња
» На салонот на автомобилите во Женева официјално беше претставен Renault 18. Направен да го замени Renault 12, тој беше дизајниран со традиционална форма на каросеријата за да ја надополни гамата на марката чиј стил во тоа време беше првенствено функционален. Во него беа имплементирани доста модерни карактеристики што ги одразуваа трендовите на пазарот. Од иста причина уште од самиот почеток на продажбата во април 1978 година се нудеше во многу различни верзии. Лесно стигна до врвот во својот сегмент на домашниот пазар, а доста добро беше познат и надвор од него. Се произведуваше на четири континенти – покрај Европа и во Јужна Америка, Африка и Австралија, а преку дилерската мрежа на AMC се продаваше и во Канада и САД.