Вистински потег во вистинско време
» Една од најголемите премиери на салонот на автомобилите во Шангај во 2009 година беше Porsche Panamera. Со неа германската марка во вистинско време го направи вистинскиот потег за проширување на својата гама со четврти модел. Повторувајќи го успехот на Cayenne, оваа лимузина го врати спортскиот дух во луксузната класа кој исчезна децении пред тоа заедно со славните британски имиња. Можеби и затоа презентацијата ѝ беше спектакуларна – точно на денешен ден Porsche покани бројни новинари од цел свет на височина од 425 метри, на 94-тиот кат на светскиот финансиски центар во Шангај, каде беше искачена исправена во товарен лифт во кој 60-тина луѓе ја сместуваа неколку часа.