Еден од највпечатливите автомобили на 20-тиот век
» Под притисок на потребата од поголеми приходи, Aston Martin во 1974 година го претстави моделот Lagonda, која во оваа своја прва серија беше само продолжена четиривратна лимузинска верзија на купето Aston Martin V8. Се произведуваше две години за кои беа направени само 7 примероци, по што беше заменет со втората серија која важи за еден од највпечатливите автомобили на 20-тиот век. Успехот беше подобар отколку што се очекуваше – веднаш по претставувањето пристигнаа стотици нарачки иако важеше за еден од најскапите автомобили во светот. Се произведуваше до 1990 година, до кога беа направени 645 примероци.
Aston Martin Lagonda беше првиот автомобил кој имаше дигитална инструмент табла. Трошоците за развој само за електрониката на Lagonda достигнаа четири пати повеќе од буџетот за целиот автомобил.