Почеток на една легенда
» На денешен ден 1929 година Енцо Ферари основа тркачки тим на кој му го даде своето име. Сé започна месец дена претходно откако тој на една гала вечер во Болоња побара финансиска помош од текстилните наследници Аугусто и Алфредо Канијато и богатиот аматерски тркач Марио Тадини за купување тркачки автомобили од марката Alfa Romeo со кои би се учествувало во трките од националниот календар. Тие се согласија, но почетокот нивните амбиции не беа така големи – беше планирано тимот да функционира само две години. Успесите веднаш ги подгреаја страстите но никој не можеше ни да претпостави дека Ferrari ќе стане најславниот тркачки тим во историјата и еднакво славен производител на спортски автомобили.