Енергијата како суровина за производство
» Секој школуван менаџер знае дека енергијата е еднакво важна за производството како и сите други суровини, од денешен аспект гледано можеби и малку повеќе. Затоа и не треба воопшто да чуди што Fiat на денешен ден 1955 година има нарачано сопствен нуклеарен реактор. Инвестицијата за која малку се знае е направена заеднички со хемискиот конгломерат Montecatini, а нуклеарниот реактор лоциран покрај Торино кој беше прв во Европа во приватна сопственост функционираше од 1959 до 1971 година.