Инспирацијата на Фердинанд Порше за Буба
» На салонот на автомобилите во Лондон 1931 година беше прикажан прототипот Rover Scarab, кој имаше воздушно ладен мотор сместен назад, но и класичен облик со долг преден дел и маска од ладилник напред. Беше планирано да се продава за само 85 фунти, но на крај не беше донесена одлука за негово производство. Сепак тој го привлече интересот на Фердинанд Порше кој ја посети Англија за да го разгледа – пред да ја конструира легендарната Буба.