Префутуристички за да има било какви шанси за успех
» Во времето кога се експериментираше со многу технички решенија за погон на автомобилите на иднината, General Motors го претстави концептот XP-500 Firebird кој беше задвижуван со мотор со слободни клипови, за чиј развој требаа 14 месеци. Овој тип на мотор има по два клипа во цилиндар кои се движат слободно, без коленасто вратило, создавајќи компримиран воздух кој потоа се испраќа до гасната турбина која ги задвижува тркалата. Поради технички недостатоци и постоењето други проекти кои повеќе ветуваа, General Motors три години потоа го запре понатамошниот развој на ова префутуристичко решение.