Автомобилот што ја смени сликата за Ford
» Ford Fiesta, хит-автомобилот од ниската класа, за прв пат беше покажан на денешен ден 1976 година на трката 24 часа Леман одбележувајќи ја десетгодишнината од тројната победа на GT40. Со своите 3,57 метри должина и погон на предните тркала, Fiesta успеа да го избрише конзервативниот имиџ на Ford. Беше развиен по директна наредба на. Хенри Форд II кој често контролираше како се одвива проектот. Дизајнерски симпатичен до бесвест, овој мал автомобил беше и доста функционален, а современите агрегати му даваа и пристојна динамика. Од првата генерација до 1983 година беа произведени вкупно 2,7 милиони примероци.