Не го издржа притисокот на времето
» На денешен ден пред 40 години беше произведен последниот примерок од препознатливиот американски такси автомобил од марката Checker. Познат по својата издржливост во тешки услови за експлоатација, тој како и скоро сите други модели на компанијата основана 1922 година беше наменски проектиран за такси служба со широки врати и големи седишта и багажник, но и механичка основа која потекнуваше од 1956 година.