Вешт бизнис маневар на Маркјоне
» На денешен ден 2014 година со спојувањето на двете компании настана Fiat Chrysler, тогаш осмиот по големина автомобилски производител во светот. Главното седиште на FCA беше лоцирано во Холандија, а финансиското одделение во Лондон заради причини поврзани со даноците. Компанијата котираше на берзите во Њујорк и Милано. Семејството Ањели поседуваше 29,19% од акциите и контролираше 44,31% од гласачките права. Во 2021-вата со спојувањето со PSA компанијата стана дел од Stellantis.