Пионерот на ерата на масовната моторизација
» На денешен ден 1908 година беше направен првиот примерок на Ford Model T. Сериското производство на автомобилот кој го означи почетокот на ерата на масовната моторизација започна на 1 октомври, но заради проблеми беше прекинато за да продолжи после пет дена. Вистинскиот бум започна пет години подоцна со воведувањето на монтажната лента и до 1927 година беа произведени 15.007.033 возила од него. Остана автомобил со најмногу произведени примероци до 1972 година, кога приматот го презеде Бубата на Volkswagen.