Започна производството на источногерманската лимузина
» На денешен ден 1966 година беше произведен првиот Wartburg 353. Оваа источногерманската лимузина цело време беше потценувана во западните земји, но од онаа страна на железната завеса, па и на нашите простори каде немаше никакви завеси, беше ценета. Двотактниот мотор никому не му пречеше, а неговата сила споредено со малата тежина обезбедуваше динамика за почит. Модерниот дизајн и едноставната и издржлива конструкција беа дополнета со пространата каросерија и цената која можеа да си ја дозволат широк број купувачи, доколку. Единствен проблем, барем во матичната земја, беше тоа што не можеше секој да ја купи – нејзиното производство беше резервирано само за „поважните“ луѓе.