Ако е, не ни се допаѓа
» Renault 4 е легенда која сосема заслужено влезе во автомобилската историја и таква ќе остане. Но новите времиња бараат нови размислувања и во Renault се одлучија за реинкарнација на оваа легенда, сега во електрична форма. Добро знаеме каков успех постигнаа Mini, Fiat 500 и Volkswagen Буба, но дали и овој модел ќе го повтори истото? Французите се надеваат, но ние, ако судиме според овие рендери кои на основа на патентните цртежи ги изготви британскиот Auto Express, не сме баш убедени во тоа. Искрено, ваква реинтерпретација на легендата не ни се допаѓа. Барем малку да личеше на оригиналот!