Tags:
Горивата екстремно поевтинија – сигурно ќе има избори…

Сигурно ќе има избори…

» Горивата екстремно поевтинија – сигурно ќе има избори… Ако не, тогаш некој голем празник се ближи, бидејќи слични поскапувања паметиме, но не ни текнува кога последен пат кај нафтените деривати се случило вакво поевтинување – за цели 3,50 денари! Токму толку регулаторната комисија за енергетика денеска пресече, со што од утре за литар бензин 95 ќе плаќаме по 71, за литар од супериорниот 98 бензин по 73, а за литар од нам омилениот дизел по 63 денари. Како образложение за својата одлука, нашите енергетски антимонополисти ги наведуваат процентите на поевтинување на референтните цени на дериватите на светските берзи кои во минатиот седумдневен период се движеа меѓу минус 8,5 и 8,9 отсто. Ако е така, нека биде!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *