Моќен симбол за посакуваното владеење на советската епоха
» Меѓу првите приоритети не само за имиџот на државата беше развојот на автомобилската индустрија која таа практично дотогаш ја немаше, ниту пак можеше да има некаква солидна основа за неа бидејќи пред војната беше базирана на разни странски, главно американски лиценци. Таков беше случајот и со претпријатието ГАЗ односно Горьковский автомобильный завод, кое основано во 1932 година како Нижегородский автомобильный завод имени В. М. Молотова, на скратено НАЗ, започна да произведува возила по лиценца на Ford. Но, советските инженери го искористија собраното искуство и уште за време на втората светска војна започнаа да работат на возила од сопствена конструкција.
Тоа резултираше после војната прв во низата колку-толку успешни автомобили да биде ГАЗ-М20 Победа, кој со својот допадлив дизајн се појави во продажба во 1946 година а по лиценца беше произведувана и во Полска. Ветуваше многу, дури и за извоз, меѓутоа авто-индустријата тие години напредуваше со толкава брзина што Победа веќе до раните ’50-ти години беше застарен автомобил. Затоа и скоро-скоро беше заменета со нов проект, моделот кој светот добро го познава како ГАЗ-21 Волга.