Бензинот поскапува, дизелот поевтинува
» После периодот на високи цени на дизелот, следи негово изедначување со бензинот – со најновата одлука на регулаторната комисија за енергетика разликата во нивните се доближи на 4,50 денари. Дизелот сé уште е поскап, но сега тој чини 98,50 денари за литар, додека пред само помалку од еден месец чинеше 103,50 денари. Во тој момент бензинот 95 чинеше 89 денари, со што разликата меѓу нив беше цели 14,50 денари, за 10 повеќе отколку сега. Дали трендот и понатаму ќе продолжи зависи исклучиво од движењето на цените на референтните деривати на светските берзи.