Во Европа само како плаг-ин хибрид
» Prius остави трајно влијание етаблирајќи се како автентична автомобилска икона. Пионерски нагласувајќи ја електрификацијата кога за неа никој не зборуваше, Toyota со него бестрашно ги постави идните трендови. И новата генерација која во Европа ќе биде достапна исклучиво како плаг-ин хибрид чекори по тој пат. Посилниот електромотор и дволитарскиот агрегат ќе ги ангажираат сетилата на возачот со комбинираните 223 коњски сили. Новите литиум-јонски батерии од 13,6 kWh ќе обезбеди за 50 отсто поголема електрична автономија од сегашната генерација (Toyota не кажува колку), а соларните ќелии на покривот доволно струја за поминување 1.250 километри годишно.
Препознатливиот стил на Prius е подигнат на ново подинамично ниво со силуета налик на купе. Ревидираната каросерија е аеродинамично обликувана за да се оптимизира протокот на воздухот. Поставена е на втората генерација на глобалната архитектура која има намалена тежина и поголема крутост. Со оптимизација на сместувањето на батериите и резервоарот за гориво е постигнато пониско тежиште, што овозможува поголема стабилност и поспокојно возење. Пространата кабина има визуелно чиста внатрешност, а положбата на седење е пониска што создава спортски впечаток. Еволуираа и димензиите – височината е намалена за 50 mm, широчината зголемена за 22, должината скратена за 46 но меѓуоскиното растојание продолжено за 50 милиметри.
Со сето ова, новата петта генерација на Prius ќе ја продолжи 25 години долгата традиција од пролета 2023-та кога ќе се најде низ продажните салони на Toyota во Европа.