Со право забранета реклама за Land Rover Defender
» Кога новиот Defender уште беше свежо претставен модел, Land Rover лансираше интересна реклама која на сосема фиктивен начин ги доловуваше неговите реални теренски способности. Но се активираше цензурата, официјалното британско тело задолжено да ги следи стандардите во рекламирањето и да реагира доколку рекламите на некој начин ја кршат регулативата и ја доведуваат јавноста во заблуда. А токму таков е случајот и со оваа реклама на која се имаат пожалено дури двајца. Но без разлика на бројот на жалбите, ова тело сериозно си ја сфаќа работата и ревносно реагира доколку забележи некој пропуст, како што е работењето на паркинг сензорите кога теренците се доближуваат до работ на провалијата што не е можно бидејќи тие се ултразвучни и реагираат само на препрека која во овој случај ја нема. Значи, ако слепо ги слушаме паркинг сензорите без да гледаме, да завршиме во ваква провалија нема но во некоја дупка или ендек покрај патот, посебно навечер, сигурно.