Како за рубриката верувале или не
» Bugatti Veyron е запишан во историјата на автомобилизмот со големи златни букви. Тој ги помести границите на неможното и остави големо наследство за другите производители што тргнаа или ќе тргнат по неговиот пат. Но, има некои работи за него кои не се знаат, а заслужуваат внимание. Издвоивме 12 од нив.
- При полно оптоварување, ладилниците на моторот одведуваат толкава топлина што со неа во можат да се грејат десет семејни дома.
- Veyron има десет ладилници, а за производство на еден се потребни петнаесет работни часа.
- Сопирачките на Veyron можат да издржат температура до 1.800 степени.
- Кога е под агол од 55 степени, воздушната сопирачка генерира 70% од силата на кочење на просечен автомобил.
- Bugatti Veyron забрзува до 100 km/h за 2,8 секунди, а запира од 100 km/h за помалку од тоа.
- Секој примерок на Veyron е составен од три целини кои заедно ги држат само 14 завртки.
- Замената на специјално за него развиените пневматици чини околу 60 илјади евра.
- За производство на резервоарот за гориво се потребни се осум работни дена.
- Секој произведен примерок беше тестиран 500 километри, после што одеше на полирање кое траеше цели два дена.
- Пумпите за гориво на Veyron работат осум пати побрзо отколку кај просечен автомобил.
- При максимална брзина резервоарот од 100 литри гориво се празни за 12 минути.
- За согорување на сето тоа гориво на Veyron му требаат 47.000 литри воздух во минута, што е количество што човек ќе го дише четири дена.