Tags: ,
Долгата традиција на салонот во Белград

Зачетоци од пред втората светска војна

» Салонот на автомобили во Белград има долга традиција – датира уште од 1937 година. Тогаш за прв пат во склоп на една друга манифестација беше организирана изложба на автомобили и мотоцикли, меѓу другите и од General Motors, Dodge, Citroen, Harley-Davidson, Mercedes, Ford… Успехот а ова изложба беше значаен и веќе наредната пролет таа беше организирана како засебна манифестација, и тоа под покровителство на престолонаследникот на кралството Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ. Беше и еден од само деветте официјално регистрирани салони на автомобили во Европа. Учествуваа 107 изложувачи од САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Австрија, Белгија и Чехословачка, кои претставија 158 автомобили, 65 товарни возила, 10 автобуси, 18 шасии, 105 мотоцикли и велосипеди, десет автомобилски мотори, три трактори и еден багер, кои ги видоа околу 40.000 посетители. До почетокот на втората светска војна беа одржани три манифестации, за после неа салонот на автомобилите во Белград  да биде обновен 1957 година.

Инаку, историјата на одржување автомобилски изложби започнува во Париз 1884 година на која беа изложени девет автомобили од четири производители. Една година подоцна е одржана слична манифестација и во Велика Британија, а во САД првиот салон на автомобилите е организиран во 1900-тата во Њујорк. Меѓународната организација на производители на возила OICA е основана 1919 година во Париз и оттогаш сите значајни манифестации се организираат со нејзина поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *