Tags: ,
Добри вести за Volkswagen Passat

Нов модел во 2023 година

» Под сеопфатната наезда на SUV-моделите и нивните деривати, продажбата на владетелот на и европската средна класа Volkswagen Passat паѓа веќе пет години под ред, за кое време се преполови. Во иста каша се и неговите конкуренти, заради што еден по еден исчезнуваат од автомобилската сцена во Европа. Слична судбина му се закануваше и нему, но сепак неговата доминација, колку и да е ослабена, беше доволна раководството на германскиот производител да го одобри развојот на новата генерација. Официјално деветта по ред, таа треба да се појави во 2023 година, најверојатно само како караван но секако и со дизел мотори. Основата секако ќе бидат хибридните верзии, од кои плаг-ин изведбите според очекувањата ќе можат да поминат до 100 електрични километри. За полесно да се носи со предизвиците димензиски ќе порасне, но и понатаму ќе ја користи MQB платформата. Целосно електрична верзија нема да има, бидејќи таа улога е наменета за друг модел. Од порано веќе знаеме дека ќе се произведува во Словачка, заедно со најблискиот конкурент во класата, Škoda Superb.

Во САД Passat ќе згасне после 2023 година, а во Кина веќе се работи на редизајнот на моменталната тамошна генерација.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *