Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>5 декември 1896 година

Кој друг ако не Mercedes

» На денешен ден 1896 година на улиците на Париз се појави првото доставно возило задвижувано со мотор со внатрешно согорување, испорачано од кој друг ако не од Mercedes. Всушност, да бидеме историски прецизни, тоа беше производ на компанијата на Карл Бенц која веќе цела деценија успешно ги пласираше своите автомобили, станувајќи нивни најголем производител во светот. Првобитно уште во мај 1896-тата доставното возило изведено од моделот Victoria кое имаше 2,9 литарски едноцилиндричен мотор од 5 коњски сили со кој постигнуваше максимални 15 километри на час, можеше да искачи угорница од 10 проценти и имаше носивост од 300 килограми беше понудено на германскиот пазар, но немаше заинтересирани купувачи, така што првиот примерок е испорачан на париската стоковна куќа Du Bon Marche.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *