Прв салон на автомобилите во светот
» Според некои записи, за прв одржан салон на автомобилите во светот се смета манифестацијата Exposition Internationale de Velocipede et de Locomotion Automobile организирана во Париз во 1894 година, за која освен дека учествувале четири производители на возила не се знае ништо друго. Затоа пак доста добро се знае дека прочуениот автомобилски конструктор Жил Албер де Дион во 1896 година во склоп на салонот на велосипеди, исто во Париз, има организирано секција за автомобили (од каде е и фотографијата), која две години подоцна е издвоена како Exposition internationale d’automobiles – тоа што денес е Mondial de l’Automobile, односно салонот на автомобилите во Париз. За интересот сведочи бројката од 140 илјади посетители кои дојдоа да ги видат 232-та автомобила од 77 производители, и тоа во време кога имало сé на сé околу две илјади автомобили.
Најголема посета салонот на автомобилите во Париз има забележано во 2004 година, кога изложеното го видоа точно 1.460.803 луѓе.