Воздухот црн, индикаторите црвени
» Седете дома и гледајте телевизија – не ни помислувајте да излезете надвор оти воздухот е црн од толку што е загаден. Сабота навечер, сообраќај скоро и да нема но затоа ги имаме индикаторите за квалитетот на воздухот кои се во дебело црвена нијанса секаде низ Македонија освен таму каде што не се мери. Исклучок се Гостивар и донекаде Гевгелија и Миладиновци, ама таму веројатно уредите за мерење се расипале или пак ќе се расипат од „чистиот“ воздух.